Петар Печков
Објавено: четврток, 28 април 2016
Важна победа за ракометарите на ГРК Борец, кои во дербито на дното го победија Пролет 62 со 29:24 (11:8). Велешани во поголемиот дел од натпреварот беа во водство, на моменти и со 7 голови предност 20:13 - 45 мин. за да скопјани ви финишот намалат на само два 26:24. Сепак на крајот радост за домаќините кои со овие три бода стигнаа до само минус два, токму над Пролет 62, за избегнување на претпоследното место кое води во разигрување за опстанок.Најефикасни во редовите на ГРК Борец Горјан Анастасовски со 7 и Ивица Лазаровски со 6 гола. Кај гостите безмалку половината дури 11 гола ги постигна Ласко Андоновски кој по мајка е велешанец. Во следното коло кое се игра в петок Борец повторно е домаќин, овој пат на последно пласираниот втор тим на Металург 2. Се игра во 19ч. во салата Гемиџии.
21 коло на ОФЛ
Горски - Мартолци 3:0 сл.
Форца Нова - Бирлик 5:0
Бабуна - Тополка 6:0
Илинден БС - Башкими 6:0
Гемиџии - Младост 2:0
слободни беа Интернационал и Мак.Сонце
Т А Б Е Л А
1. Бабуна 18 18 0 0 94:16 54
2. Гемиџии 19 16 1 2 74:25 49
3.Илинден БС 18 13 1 4 56:24 40
4.Форца нова 19 8 2 9 44:30 25
5.Тополка 17 7 2 9 33:23 22
6. Македонско сонце 19 6 4 9 33:57 22
7.Бирлик 18 6 1 11 23:62 19
8.Горски 17 6 1 10 22:39 19
9. Мартолци 07 18 4 5 9 31:50 17
10.Башкими 18 4 4 10 37:52 16
11.Младост 18 4 3 11 24:49 15
12. Интернационал 17 3 1 13 24:58 10
следно коло 7-ми и 8-ми мај
Младост - Илинден БС
Тополка - Форца нова
Мак.сонце -Горски
Мартолци -Интернационал
Башкими - Бабуна
слободни: Гемиџии и Бирлик
Tweet |