Петар Печков
Објавено: недела, 30 мај 2010
Во последното коло како гости во Велес, ракометарите на Борец ја пречекаа екипата на Овче Поле, кои се согласија натпреварот да ги играат во салата ,,Гемиџии,, за велешани дома го одбележат големиот успех.
Околу 1.500 гледачи дојдоа да им го честитаат првото место во првата лига, а ракометарите на Борец со победа го завршија лигашкото натпреварување, при што од 28 средби само една ремизираа.
Разбирливо беше славјето на велешани и навивачите кои од есен повторно ќе гледаат квалитетен ракомет, но се надеваме со повеќе успех отколку пред една година.
Tweet |