Петар Печков
Објавено: недела, 01 мај 2022
Во дербито на дното велешки ФК Борец ја победа екипата на ФК Скопје со 1:0 (0:0). Единствениот гол на средбата, велешани го постигнаа во 70-та минута, преку Љума. Тоа беше средба на 10-то и 11-то пласираната екипа во која домаќинот ја фати надежта дека може ,да опстане , под условот до крајот се да победуваат а гостинот да ги загуби сите натпревари. Ова беше средба од 29-тото коло а до крајот има уште 4 кола. ФК Борец е 11-ти со само 21 бода. Во следното коло, среда ФК Борец игра во Скопје со екипата на ФК Работнички која е 8-ма со 37 бода.
Во 17-тото коло на Првата лига во фудбал, жени победа за велешанки. ЖФК Борец со 1:3 славеше во гости во Прилеп, против ЖФК Деспина. Домаќинките се при дното, 9-то пласирани од 12 екипи со 13 бода. Во следното коло игра со ЖФК Атетлико дома на Градски, кој е последно пласиран.
Tweet |