Петар Печков
Објавено: среда, 09 септември 2015
Се одигра второто коло од Првата фудбалска лига за жени. Велешанки на гостувањето во Тетово на екипата на Речица победија со 1:0. Следното коло се игра дури ан 29-ти септември кога во Велес гостува лидерот Кочани. Борец е во средината на табелата со повеќе екипи кои имаат по една победа.
Се одигра и локаното дерби во Третата лига југ, каде на Градски се сретнаа Борец и Превалец . Заврши без победник,нерешено 1:1.Така по победите во првото, двете велешки екипи во овој ранг се во горниот дел на табелата со по четири бодови.
Tweet |