Петар Печков
Објавено: вторник, 29 септември 2020
Продолжи првенството од Првата фудбалска лига жени. Во 7-то коло, дома на Градски женската екипа на ФК Борец славеше со 3:2 против екипата на ФК Шкендија од Тетово. Гостинките беа седми 12 бода и четири победи. Во следното коло велешанки гостуваат во Тетово на екипата на ЖФК Љуботен. Тетовчанки се осми со девет бода а ЖФК Борец е десетти со седум бода, две победи и еден реми а едно коло велешанки паузираа.
Викендов во Кочани се одиграа две кола од Првата пинг понг лига. Екипата на Борец ТИМ забележа да порази, од Винспин со 3:4 и од домаќинот Кочани 2:4. По пет одиграни кола велешани имаат една победа и се шести од осум екипи. Во следните две кола Борец ТИМ игра со екипата на Крушево, која има исто како и велешани една победа а пото и со лидерот екипата на Мултитекс.
Tweet |