речник контакт

Победа за футсал екипaта и одбојкарките на ОК Борец

Порази за машката екипа на ОK Борец и кошаркарите на KК Борец баскет

Петар Печков

Победа за футсал екипата на КМФ Кеги моби во четвртото коло на Првата лига. Во Тетово го совалдаа повратникот во оваа конкуренција КМФ СЕЕУ Тетово со 2:5 (1:0). Првите 20 минути ги добија домаќините а во вторите пресврт, велешани поведоа со 1:4 а потоа и славеа со 2:5. Така по четири кола, КМФ Кеги моби има три победи и 9 бода. Во следното коло, дома играат со  КМФ Бутел. 

Одбојкарите на ОК Борец во второто коло на Првата А лига загубија во дербито со двојниот освојувач од лани, нз првенството и Купот, ОК УГД Штип со максимални 3:0 ( 14;19;15). Во следното коло играат со ОК  Универзитет Тетово дома, во салата на ОУ Блаже Конески. 

Во Втората одбојкарска лига во Скопје победа и три бода за женската екипа на ОК Борец која со максимални 0:3 ( 17;19;16)  славеше над ОК Јанта бут. По три кола велешанки имаат две победи – во гости, и  еден пораз, дома. Во следното коло доам играат со ОК Шкупи, дома. 

Кошаркарите на КК Борец баскет загубија од составот на КК ИБА од Скопје. Гостите победија со  91:93 (48:48) во израмнет натпревар а победникот беше решен во последната минута. Поради реновирање на салата Гемиџии, КК Борец баскет натпреварите ги игре во Штип како домаќин. Во следото коло велешани гостуваат на КК Водно Санс во Скопје. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »