Петар Печков
Објавено: вторник, 27 февруари 2018
Во 17-тото коло од Првата футсал лига, екипaта нa КМФ Велес на домашен терен во салата ,,Гемиџии, со уверливи 14:3, го победи Железарец од Скопје. Тоа беше меч со една непозната, со колку голови предност ќе заврши натпреварот. Гостите од Скопје до ова коло беа четврти на табелата, но очигледно дека имаше разлика во квалитетот на двете екипи. Во следното 18 коло Велес гостува на Мал Ајакс во Штип, кој е 8-ми од 9 екипи. И натаму лидер е Шкупи, но тој во следото коло е слободен и со победа КМФ Велес ќе се врати на лидерската позиција.
Започна и пролетниот дел до Првата одбојкарска лига. Екипата на ГОК Борец коja беше втора на табелата загуби максимално со 3:0 (20, 14, 21) од Лешок во Тетово. По заминувањето на Михаилов и Наков, а по повредата на Ивковиќ, велешани настапиле со младинската екипа што резултираше со пораз. По ова 10-то коло ГОК Борец е четврти а во следното коло доаѓа лидерот Струмица, кој нема пораз и е фаворит на овој натпревар, кој ќе се игра во сабота во салата на ОУ Блаже Конески.
Од следниот викенд продолжува и првенството во Супер ракометната лига, а Борец дома игра со Еурофарм Работник од Битола. Започнуваат и фудбалерите на Борец во Втората лига Исток , в сабота играат против Плачковица од Радовиш на Градски во Велес.
Tweet |