Петар Печков
Објавено: недела, 14 декември 2025
Екипата на КМФ Кеги Моби победи во 8-то коло од Првата футсал лига.дома славеше над составот на КМФ Јуветнус Серава од Штип со 3:1 (0:0). Гостите кои се 6-то пласирани од 10 екипи, беа совладани во вторите 20 минути, кога беа постигнати сите четири гола на натпреварот. По ова коло велешани остануваат трети со 18 бода. Во последното есенско коло следниот викенд, гостуваат во Чаир на КМФ Шкупи, кој е претпоследен со 4 бода и една победа и реми.
Во 10-тото коло од Првата одбојкарска лига, ГОК Борец победи со максимални 3:0 (17; 18; 18) над составот нa ОК Шкендија од Тетово кој беше шестто пласиран. Сигурна победа за велешани, кои и не се помачија за да стигнат до трите бодови. По ова коло ГОК Борец останува на четвртото место со 23 бода еден помалку од трето пласираниот ОК Работнички. Во последното есенско коло, следниот викенд велешани гостуваат на последнопласираниот ОК Јанта кој нема ниту еден бод.
Во 12 коло од Втората одбојкарска лига, ОК Виола волеј загуби дома со 1:3 од составот на ОК Јанта бутел. ПО ова коло помладиот велешки женски одбојкарски клуб остана на 11 бода. Постарата екипа ОК Борец игра утре, понеделник од 19,30 со составот на ОК Виктори волеј од Струмица во салата на ОУ Блаже Конески. Гостинките се 5-то пласирани со 19 бода.
Кошаркарите на КК Борец баскет, вечерва од 20ч. во салата Гемиџии го играат дербито со првопласираниот КК Струмица.
| Tweet |




