Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 февруари 2018
Во 15-тото коло на Првата футсал лига, екипата на КМФ Велес на домашен терен победи со 7:4, против екипата на Астибо од Штип. Натпреварот помеѓу лидеротана првенството, домаќинот Велес и третопласираниот тим на табелата штипски Астибо, го покажа квалитетот на двета состави и фаворитот лесно стигна до победата. Со тоа го задржа првото место а веќе во следното коло е дербито со второпласираната екипа на Шкупи од Скопје која е лански првак.
Продолжи пролетниот дел од првенството на Третата кошаркарска лига. Екипата на Борец Баскет забележа победа и порза. Се радуваше во 10-тото коло во Гостивар против последнопласираниот Данвер со 74:88. Додека во 11-тото коло дома во салата Гемиџии загуби од лидерот Спорт тим од Неготино со 88:93. За илустрација гостите од 11 натпревари имаат само еден пораз. Велешани се 6-ти на табелата со 6 победи и 5 порази. Во следното коло гостуваат на четвртопласираната екипа на Дино Баскет во Кочани.
Tweet |