Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 февруари 2021
За три дена кошаркарите на велешки КК Борец баскет одигра два заостанати натпревари од Втората лига -Исток. Во средата во салата Гемиџии ја победија екипата на Пробаскет од Кавадарци со убедливи 73:45. Вчера во Чаир во салата Шабан Трстена загубија од КК Шкупи со 84:81.
Велешкиот второлигаш има за одигрување уште еден заостанат натпревар и тоа со екипата на КК Феникс од Скопје. Првенството во Втората кошаркарска лига продолжува на 13 февруари а КК Борец баскет гостува во Куманово ан МКК Куманово.
Одредени се паровите од футсал Купот, каде во 1/8 КМФ Кеги моби ја пречекува второлигашката екипа на КМФ Свети Николе а КМФ Велес гостува КМФ Кратово. Средбите е играа претстојниот викенд.
Tweet |