Петар Печков
Објавено: петок, 09 септември 2016
Одличен старт за фудбалерките на Борец, кои во првите две кола забележаа победа во гости, и нерешено дома. Вчера, во четвртокот на Градски во Велес, одиграа нерешено со Тиверија од Струмица 1:1, додека в о неделата во првото коло гостува во Кочани, кај истоимената екипа, ланскиот првак славеа со убедливи 5:2. Така по две кола велешанки се трети со четири бодови. Во следното коло Борец гостува во Битола на екипата на Топ Гол, која има еден бод по два одиграни натпревари.
Викендов започнуваат натпреварите во Третата фудбалска лига Југ. Борец игра дома со Дојранско езеро, недела во 16ч. на Градски. Превалец гостува на Горно Коњари прилепско, додека Гемиџии во Гевгелија на Кожуф.
Стартува и Општинската фудбалска лига, која ќе брои 11 екипи. Играат:
Бабуна – Мак. Сонце сабота 16 ч. Градски
Башкими – Интернационал сабота 16,30 Чашка
Горски – Мартолци недела 11ч. Градски
Форца Нова – Илинден БС недела 13ч. Градски
Тополка – Бирлик недела 16,30 Превалец
Младост слободен
Tweet |