Петар Печков
Објавено: вторник, 26 ноември 2013
Во претпоследното коло на Третата лига југ двете велешки екипи забележаа добри резултати.
Илинден во Башино село го ,,растури,, Младост од Кривогаштани со високи 8:1. Бабуна гостуваше на Партизан во прилепско Обршани и одигра нерешено 1:1. Екипата на Превалец ова коло беше слободна.
По одиграни 14 кола Бабуна од Мартолци е 5-ти со 23 бодови, Илинден од Башино село е 9-ти со 18 бодови и Превалец е 10-ти со 17 бодови.
Tweet |