Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 мај 2022
Победа за ракометарите на ГРК Борец, која го симна од лидерската позиција тимот на РК Астраион Хендбол од Струмица. Велешани славеа со 31:28 (15:17), иако во поголемиот дел од натпреварот гостите беа во водство. Домаќините последните минути направија пресврт и победија со три гола разлика, најголема што ја имаа во текот на 60-те минути. Ова беше средба во разигрувањето за опстанок во Првата лига. ГРК Борец е 4-ти по 14 кола со 22 бода. Во следното коло в недела гостува на новиот лидер РК Металург ОА.
Пингпонгарите на ППК Борец ТИМ забележаа два порази но остануваат во Првата лига. Завршниот викенд беше во Скопје во салата Јане Сандански. Велешани се поразени од Телеком Нец со 4:2 и од составот на Крива Паланка со 4:1. Двата противника се од горниот дел на табелата и ќе разигруваат за влез во Супер лига. ППК Борец ТИМ останува бидејќи и послабо рангираните екипи, кои се бореа за опстанок, преку бараж загубија. Така велешани на крајот се најдоа на 6-то место од 8 екипи, со три победи.
Tweet |