Петар Печков
Објавено: среда, 03 декември 2025
Важна победа за кошаркарите на КК Борец баскет, во дербито од седмото коло на Првата лига, група Исток играа 4-то и 5-то пласираниот тим. Велешани победија во Свети Никола против КК Овче Поле со 70:74 (16:14; 19:14; 18:24; 17:22). Возбудлив и интересен натпревар кој се играше пред полна сала и домашни навивачи, кои не се штедеа за поддршка на КК Овче Поле. Тие беа подобри во првите 20 минути, првото полвуерме го добија со 35:28. Затоа второто полувреме за гостите, велешани, кои покажаа дека се подобар тим, имаат поквалитетни играчи и славеа. Со овие два бода КК Борец баскет е на делба на третото место со КК Бутел со по 10 бода. Со ова заврши првата полуетапа, веќе од недела продолжува втората и во Велес во салата Гемиџии гостува второпласираниот КК Соколи од Штип, кој има еден пораз. Лигата брои седум екипи, КК Шкупи се откажа на почетокот од натпреварите.
Од спортските настани најава за дербито на Првата одбојкарска лига. Вечер, среда од 19,30 во салата Гемиџии ГОК Борец го пречекува лидерот ОК Штип кој нема пораз и по седум кола е прв а велешани се трети.
| Tweet |




