Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 април 2022
Со победа во 20-тото коло од Втората лига во футсал, екипата на КМФ Кеги Моби и официјално е нов член на Првата лига од есен. Така велешани експресно, по една сезона, се вратија во најквалитетното друштво. Нивниот противник вчера, КМФ Овче Поле од Свети Николе беше поразен со 6:4 (5:3). Во наредното коло екипата на КМФ Кеги моби е слободна а во последното 22- коло, дома играа со екипата на КМФ Кардшл`к од Штип, која е последно пласирана без бод.
Викендов се одиграа две редовни кола од Првата лига во пинг-понг. Велешки Борец тим забележа пораз и победа. Радоста против составот на ППК Дебар маало, беше дерби за избегнување на разигрувањето за опстанок. Победија велешани со 4:3, и тоа во дубл, со што стигнаа до три победи и се 6-то пласирани, додела дебармаалчани останаа на две победи и се 7-ми од осум екипи.Претходно ППК Борец Тим беше поразен од составот на ППК Кочани со 1:4 а кочанчани имаа пет победи и се петти на табелата. Последните две кола се играа на 80-ми мај, кога велешани играат со екипи од горниот дел на табелата, кои ќе разигруваат за пласман во Супер лигата.
Tweet |