речник контакт

Победа на ФК Превалец за разделба од сезоната

Уште една одлична сезона за екипата на ФК Превалец, која е со години при врвот, но никако и на врвот во Третата лига Југ

Петар Печков

Во последното 26 коло од Третата фудбалска лига Југ, екипата на ФК ПРевалец, попладнево дома победи со 3:2 (1:0) против екипата на ФК Големо Коњари од истоименото прилепско село, која е шесто пласирана.

Со ова заврши сезоната 2021/22, поточно 2022- оти сите 24 натпревари се одиграа пролетва, што беше напорно за една аматерска екипа. Се играше среда - недела.  

ФК Превалец го заврши првенството втор, како и претходните сезони, секогаш при врв, но никако прв. 

За 24 натпревари фудбалерите на ФК Превалец постигнаа 100 гола, или по 4 на меч.Се радуваа 19 пати на исто толку натпревари,  претрпеа два порази и тоа од првакот ФК Вардар од Неготино и дома и во гости. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »