речник контакт

Победа на стартот од првенството за одбојкарите на ОК Борец

Пораз за КК Борец баскет. Победа и пораз за пингпонгарите на Борец ТИМ

Петар Печков

Победа за одбојкарите на ОК Борец  на стартот од Првата лига. На домашен терен со максимални 3:0 (8;9;10) славеа над екипата на ОК Македонија ЏИО од Струмица. Во второто коло, в сабота вистински тест за квалитетот на велешани, е гостувањето кај актуелниот првак ОК Струмица, која годинава има шампионски амбиции.  

Стартуваа и кошаркарите во Втората лига. Во Велс во салта Гемиџии пораз за подмладената екипа на КК Борец баскет од 56:75 од екипата на КК Баскет КАМ од Македонска Каменица. Во второто коло велешани гостуваат во Скопје кај екипата на КК Партизан САНС Водно.

Викендов во СЦ Борис Трајковски во Скопје  се играа и две кола од пингпонгарската Прва лига. Велешки ППК Борец ТИМ забележа победа и пораз. Победи против екипата на ПК Берово 2 со 4:;3 и загуби од ППК Телеком НЕЦ со 1:4 . Така по три кола велешки ППК Борец ТИМ има една победа и два порази. Следниот продолжен празничен викенд се играат дури четири кола. На 22 октомври  ППК Борец ТИМ игра со составите на Радовиш и со Кратово а следниот ден со екипите на  Дебар маало и Шуто Оризари.

Изминатиот викенд се играа натпреварите од Првата ракометна лига, но и двете велешки екипи РК Бисинов и МРК Борец беа слободни. Следниот викенд РК Бисинов гостува во Скопје кај екипата на РК Македонија ЃП која има една победа од три натпревари а МРК Борец игра дома со екипата на струмички РК Астраион која од четири натпревари има една победа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »