речник контакт

Победа на фудбалерите на ФК Борец за опстанок, и следната година во Прва лига

ФК БОРЕЦ 1919 -ФК РЕНОВА 2:0 (1:0)

Петар Печков

Градски стадиона Зоран Паунов Велес

судија Јован Качевски до Струга

стрелци: Мишов 31`и Баша 92` (ФК Б)

ФК БОРЕЦ 1919: Георгиевски , Баша, , Ефтимов,Мишов, Османоски,  Ристовски,  Шиков, Силва, Стоименовски, Талаков, Трајкоски   

ФК РЕНОВА: Вели, Абдула, Фетаи, Гавазај, Јашароски, Јусуфи, Мишковски, Муарем, Садики, Селами, Велија  во игра влегоа и - Перез, Рамадани, Шефити

картони: жолт Османовски, Стоименовски, Ѓорѓиевски, Силва (ФК Б), Гавазај (ФК Р)

Фудбалерите на Борец и следната сезона ќе играат во Првата лига. Откако денес во дербито за опстанок ја победија екипата на ФК Ренова со 2:0, и со освоените три бода ги надминаа грижите за опстанок.

Стрелец на првиот гол за велешани беше Мишов во 31 минута и печат на победата обезбеди  хрватскиот интернационалец Баша во судиското надополнување.

Така на едно коло пред крајот ФК Борец е седми, има 40 бода четири повеќе од деветто пласираниот тим, место кое води во разигрување а ФК Ренова ќе игра разигрување за опстанок меѓу прволигашите.

Во последното коло велешани гостуваат во Струмица кај ФК Академија Пандев, која е сосед на табелата со 38, два помалку од велешани и домаќините имаат императив за победа за да избегнат разигрување, не им значи ниту еден бод.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »