Петар Печков
Објавено: среда, 27 март 2019
Двете екипи од Превалец во Третљата фудбалска лига Центар, ова 14-то коло играа дома и победија. Лидерот ФК Превалец со 2:1 славеше над четврто пласираната екипа на ФК Ново Црнилиште од кавадаречко со што се зацврстија на врвот и ја зголемија предноста на четири бодови, оти второпласираниот ФК Питу Гули загуби убедливо од ФК Напредок во Крушеани со 4:0. Последно пласираната екипа на ФК Тополка ја забележа втората победа, над седмо пласираниот ФК Братство од Житоше со 3:1 но и натаму се последни со осум бодови. ФК Бабуна загуби во Големо Коњари прилепско од истоимената екипа со 1:2 иако на полувремето водеше со 1:0. ФК Бабуна остана трета со 24 бодови.
Во следното коло играат дома со седмо пласираната екипа на ФК Марена од кавадаречко. Лидерот ФК Превалец гостува на десетто пласираниот ФК Тополчани кој има 13 бодови а ФК Тополка игра во прилепско Крушеане со ФК Напредок кој е деветти со 14 бода.
Се одигра 11-тото коло на Општинската фудбалска лига. На три натпревари беа постигнати 20 гола и еден заврши со службен резултат.
Мартолци - Башкими 5:0
Согле - Горски 3:0 служ.
Интернационал - Илинден БС 6:2
Младост - Форца нова 0:7
екипата на ФК Локомотива од Градско беше слободна
Т А Б Е Л А
1. Мартолци 07 10 7 1 2 35:14 22
2. Форца нова 9 7 1 1 23: 6 22
3. Башкими 10 5 1 4 14:13 16
4. Локомотива 9 4 3 2 21:17 15
5. Илинден БС 10 5 0 5 21:19 15
6. Горски 10 3 2 5 13:20 11
7. Младост 10 3 2 5 10:21 11
8. Интернационал 10 2 0 7 24:31 9
9. Согле 10 1 2 7 11:29 5
ВО СЛЕДНОТО 12 КОЛО ИГРААТ:
Илинден БС - Согле
Башкими - Локомотива
Горски - Мартолци 07
Форца Нова - Интернационал
екипата на ФК Младост е слободна
Tweet |