Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 март 2016
Фудбалерките на Борец во 11-то коло од Првата лига, дома со 5:2 ја совладаа последно пласираната екипа на Речица. Со овие три бода велешанки имаат вкупно 10 и се искачија за едно место на 7-то од оваа конкуренција. Во следното коло ЖФК Борец гостува на второпласираната екипа на Кочани, кандидат за нов шампион.
Екипата на Велес во футсал забележа неочекувана победа над второпласираната екипа на Хедис во Скопје со 9:7. Со овие три бода велешани го извегнуваат претпоследното место, кое носи во разигрување за опстанок. Тие по 19 кола се 6-ти со 24 бодови. Во следното коло во Велес гостува лидерот Железарец.
Започна и пролетниот дел од Супер лигата во ракомет. ГРК Борец на гостувањето во Охрид е поразен со 30:21, (15:10). Натпреварот бил израмнет се до 25-тата минута кога домаќините со серија голови се одлепиле од 11:9 на 15:10 а потоа и на 17:11. До крајот на средбата второпласираната екипа на табелата го задржа водството и победи. Пет гола кај Борец постигнал Трчков а по четири Мачавелов и Стојановски. За Борец биле досудени 10 пенали а реализирани 7. По ова 15 коло Борец се најде на 8-то место а во следното коло во Велес доаѓа лидерот скопски Металруг, кој има 15 победи.
Tweet |