Петар Печков
Објавено: недела, 17 април 2022
Кошаркарите на КК Борец баскет со победа го завршија регуларниот дел од првенството на Втората лига. Во последното коло победија над последно пласираната КК Херакела од Битола со 90:61 ( 48:35). По одигрувањето на сите натпревари од ова коло, ќе биде познати дали велешани ќе бидат 3-ти или 4-ти на табелата и со која екипа ќе играат во разигрувањето за влез во Прва лига.
Ракометарите на ГРК Борец славеа во Кичево во разигрувањето за опстанок во Првата ракометна лига. Играа со домаќинот РК Партизан и велешани победија со 31:32 (14:14).И тоа со гол од седум метри досуден во последната секунда. Стрелец бил Минов, кој на натпреварот постигнал 12 гола. Натпреварот бил израмнет во првото полувреме велешани биле во водство додека во вторите 30 минути домаќинот. Тоа беше натпревар на две екипи соседи на табелата кои има по 16 бодови. По ова 12 коло ГРК Борец остана на 3-то место со 19 бодови а во следното во Велес во салата „Гемиџии“ гостува екипата на РК Текстилец од Штип, која е 8-ма од девет екипи, со 8 бода.
Во 12-тото коло од Третата фудбалска лига Југ, на домашен терен ФК Превалец ја победи екипата на ФК Возарци од Кавадарци со скромни 3:1 (1:0). Противникот досега нема забележано ниту реми и имаше постигнато само 7 гола. Во следното последно 13 коло од првиот круг, ФК Превалец гостува во прилепско Горно Коњари, чија екипа е на 4-тото место.
Tweet |