речник контакт

Победи за кошаркарите и ракометарите, изминатиот викенд

Поразени се одбојкарите, фудбалерките и футсал екипата на КМФ Велес

Петар Печков

Ништо ново кај одбојкарите, кој забележаа нов пораз во втората фаза од првенството, во разгорувањето меѓу првите четири екипи. Загубија од  лидерот ОК Џио Струмица со максимални 3:0 ( 12, 14,14). Очигледно дека се пресилни за понискиот ранг, а  најслаби во ова елитно друштво.    По ова коло се четврти без победа во оваа фаза на натпревари. Следното коло играат со ОК Вардар, дома во салата Гемиџии.  

Во 17-тото коло од Прваа женска фудбалска лига, на Градски во Велес, фудбалерките на ЖФК Борец се поразени од ЖФК Тиверија од Струмица со 0:3, гостинките се второ пласирани и се борат за титулата првак. Во следното коло велешанки, кои се 11-ти со 16 бода,  гостуваат во Битола, кој соседот на табелата, 12-то пласираниот  тим, кој има  13 бодови.

Во 15-тото коло до Прваа футсал лига, КМФ Велес дома загуби од КМФ Карадаку со 5:8 и остана на седмото место со 15 бода а КМФ Карадаку остана на шестото но со повеќе освоени бодови 24.  КМВ Велес во следното коло  гостува во Кратово, кај КМФ Кратово, која е претпоследна  13 од 14 екипи.

Поразот на лидерот во Источната група, од Втората кошаркарска лига, за екипата на Ангели на гостувањето во Велес, од Борец Баскет 71:48  го одбележа 14.коло од Втората лига. Гостите го доживеаја вториот пораз во досегашниот тек од натпреварите.   Победата  на КК Борец Баскет, е резултат на одличната игра пред сѐ во одбраната - гостите тешко доаѓаа до поени, и на паузата се имаа  дефицит  од -12 (34:22) кој само растеше и во второто полувреме а  Стоjменов со 29 имаше значаен удел во победата.

Ракометарите на РК Борец во разигрувањето за опстанок во Првата лига, победија на гостувањето во  Кичево од  истоимената екипа со 24:26 (12:16) и тоа е трета победа по ред за велешани во борбата за опстанок. Најефикасен кај велешани беше Мачавелов со осум  гола. Во следното коло  ГРК Борец , кој е лидер, игра дома со  РК Текстилец од Штип, кој е шести со три бодови.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »