Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 февруари 2024
Во 11 коло од Првата футсал лига, во салата Гемиџии, екипата на КМФ Кеги моби победи против КМФ Карадаку со 8:3 (3:2). Уверлива победа на велешани против ниско пласираниот состав од кумановско Липково. Ова е четврта победа за КМФ Кеги моби и седум порази. Во следното коло велешани гостуваат во Скопје на екипата на КМФ Бутел.
Во разигрувањето за опстанок, дома во третото коло, во салата Гемиџии одбојкарите на ОК Борец победија со максимални 3:0 (18,21,23) против екипата на ОК Македонија ЏИО од Струмица, која е последна со само една победа. Велешани се втори во оваа конкуренција со 6 победи и 8 порази.
Кошаркарите на КК Борец баскет, по поразот дома, ова 15 коло, славеа на гости во Скопје против екипа на КК Водно санс со 72:82. Тоа беше соседско дерби според пласманот на табелата а велешани водеа со +23 поена. По ова коло тие се на делба на 6 и 7 место со екипата на КК Соколи со по 22 бода. Во следното коло во Велес гостува составот на МЗТ Уни банка кој е четврто пласиран со 25 бода.
фото ФБ/КК Борец баскет
Tweet |