речник контакт

Победи за одбојкарите, футсал екипата и кошаркарите

Женското градско дерби во одбојка за ОК Борец

Петар Печков

Во Првата лига одбојка мажи ОК Борец забележа победа над ОК Сушево со 3:1 (13, -23, 17,21). Ова беше втора победа за три дена, по таа од средата во Купот над истиот противник. Со  новите три бода, велешани се зацврстија на второто место со 43 бода. Следното коло гостуваат во Тетово над екипата на Универзитет Тетово, кој е шести најслаб во разигрувањето. 

Во 12 коло од Првата футсал лига, екипата на КМФ Кеги моби на домашен терен во салата Гемиџии славеше над нископласираниот КМФ Мал Ајакс од Штип, со е  9-ти и се бори за опстанок. Велешани победија со 4:3 (0:0). Домаќинот за три минути н а почетокот од второто полувреме направи разлика од четири гола и сопре. Штипјани намалија за кратко на 2:4 а во финишот од натпреварот и се заканија за пресврт откако намалија на 3:4 во 35 минута. КМФ Кеги моби остануваат второ со 28 бода а лидер е КМФ Проект со 36 бода. Во следното 13 коло КМФ Кеги моби гостува  на 4-то пласираниот КМФ Бутел. 

Eкипата на КК Борец баскет продолжува со серијата победи во разигрувањето, четврта во четири натпревари. На домашен терен во салата Гемиџии го совладаа тимот на КК Мега од Прилеп тесно со 79:76 во неизвесен и возбудлив финиш. Иако велешани водеа дозволија гостите да се заканат по победата. Со новите два бода велешани се во врвот на три екипи со 17 бода. Следното коло повторно дома, КК Борец играат со КК Водно  санс. 

Во градското дерби од Втората лига жени, ОК Борец победи со 3:0 (11, 10,15) над градскиот ривал ОК Виола Волеј.  ОК Борец доминантен и лесно стигна до победата и двата бода во 21 коло. По ова коло ОК Борец останува 4-ти co 33 бода а ОК Виола волеј 9-та со 18 бода. Во следното коло ОК Борец гостува во Тетово на ОК Бами кор а ОК Виола волеј игра дома со ОК Форцаа волеј Ема, која е третопласирана.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »