речник контакт

Победи за одбојкарите и кошаркарите во разигрувањето

Порази за одбојкарките на ОК Борец и ОК Виола волеј во Втора лига

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец стигнаа до уште една максимална победа, овој пат над директниот ривал за второ место. Во шестото коло од разигрувањето совладан е ОК Работнички од Скопје со 3:0 (22,21,16). Со овие бодови велешани се без малку втори по овој дел на првенството, а остануваат уште четири кола до негово завршување. Следното коло, следниот викенд голем предизвик, засиленото ОК Сушево, кое е петто пласиран  гостува во Велес, откако во февруари беше максимално  поразен дома во Василево. Претходно в среда истите две екипи играат во ¼ од Купот во Велес. 

Трета победа во третото коло од разигрувањето за кошаркарите на КК Борец баскет во Скопје. Совладана е екипата на  КК Вардар со 70:95 (28:47) со што велешани остануваат во врвот со 12 победи и три порази, колку што имаат и Соколи, Бутел и Струмица. Средбата без резултатска неизвесност, гостите супериорни и во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата. За одбележување е играта на Штерјов кај велешани со 24 поени и 12 скока.  Во следното коло, следниот викенд во Велес гостува КК Мега од Прилеп, кој вечерва -недела, загуби дома од  лидерот КК Струмица.

Во Втората одбојкарска лига жени, двете велешки екипи се поразени. OK Виола волеј дома загуби со 1:3 од ОК Ново село од струмичко Ново село (19,15, -15, 21 ) а ОК Борец во Скопје од третопласираната екипа на табелата, ОК Форца волеј Ема исто со 3:1  ( 20, -23, 12,13). Со овие резултати велешанки остануваат на истата позиција ОК Борец е четврта со 30 бода  ОК Форца волеј е деветта со 18 бода. Во следното коло е градското дерби играат ОК Борец и ОК Виола волеј.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »