Петар Печков
Објавено: среда, 04 март 2020
Изминатиот спортски викенд донесе две радости -победи за велешките екипи и четири порази
Победија одбојкарите на гостувањето во Тетово. Во второто коло втора фаза ОК Шкендија - ГОК Борец 2:3 ( 24;22; -212; -23; -9). ГОК Борец е прв во разигрувањето од 7-9-то место, следното коло е слободен во оваа фаза настапува и ОК Дибра волеј.
Победи и екипата на футсал прволигашот КМФ Велес, дома против штипски КМФ Астибосо 5:3. Ова беше натпревар од 15-тото коло, следно играат со КМФ Железарец.
Во Втората футсал лига, лидерот КМФ Кеги моби загуби во Скопје од КМФ Арбен Бајрами со убедливи 9:3. Ова беше натпревар од 15-тото коло и дерби.
Женската фудбалска екипа на Борец загуби во Струга од ЖФК АД Јунајтед- со 5:1. Ова беше 14-то коло, прво пролетно. Домаќинките се 5-ти велешанки 10-ти со 10 бода. Во следното коло, дома на Градски играат ЖФК Борец -ЖФК Речица, гостинките се 9-ти со 16 бода.
Со куп натпреварите започна ракометната пролетна сезона. Во бараж ГРК Борец, дома, го победи РК Текстилец од Штип 30:24 иако гостите на полувреме водеа 12:13. Со ова младата велешка екипа влезе во 1/16 финалето, каде настапи во Неготино. Во првиот натпревар ГРК Борец - РК Астраион од Струмица 21:29 (11:17), со што беа елиминирани од натамошните натпревари.
Кошаркарите на КК Борец баскет, загубија дома во салата Гемиџии од КК ТТФ 74:77, кој е лидер, досега има само еден пораз . Ова беше натпревар од 12 коло КК Борец баскет е 5-ти од 9 екипи со 15 бода, во следното гостува во Скопје на КК Феникс 2010 кој е трет со два порази.
Започнаа натпреварите од пролетниот дел на Прва пинг понг лига. Во прво полетно коло, или вкупно осмо Борец ТИМ загуби од екипата на Струга со 1:4 и по осум кола е петти со 11 бода. Овој викенд во Скопје се играат 9-то и 10-то коло игра. Велешани играат со Мултитекс кој го дели пласманот, исто со 11 бода и со соседот на табелата Кочани со 12 бода.
Tweet |