Петар Печков
Објавено: четврток, 21 мај 2015
Екипата на ГРК Борец забележа уште една победа на тешкото гостување во Скопје против екипата на РК Риниа со резултат 26:24. Ова беше заостанат натпревар во Првата лига и со победата велешката екипа се зацврстува на втората позиција, која води во разигрување за пласман во Супер лига.
Во заостанат натпревар од Втората кошаркарска лига Борец Баскет во салата Гемиџии ја победи екипата на Шкупи со 84:66.Овој натпревар од 10-тото коло требаше да се одигра на крајот од минатата година на 27 декември а се одигра пет месеци подоцна. Борец Баскет се наоѓа на делба на второто место заедно со екипите на Радовиш и Бест сите со ист број бодови 31, но најдобра меѓусебна кош разлика има екипата на Бест и таа е најблиску до пласман во Првата лига, откако во претходното коло (не)очекувано го совладаа лидерот Т- Баскет во Тетово со високи 54:74. Во следното, последно коло Борец Баскет игра дома со последно пласираниот Дино Баскет а Бест со Пелистер.
Tweet |