речник контакт

Победниците на фото конкурсот ,,Вики ја сака Земјата,, (фото)

На конкурсот кој беше под патронат на УНЕСКО учествувале 115 илјади фотографии од 27 држави. Погледнете ги убавините на светот, низ прекрасни пејзажи

Петар Печков

Боите на природата пукнаа во повеќе од 115  илјади фотографии на  13.600 фотографи учесници од 27 земји од светот.  Тие учествуваа на фото конкурсот ,,Вики ја сака Земјата,, .

 Од 15-те финалисти во  натпревар за слика  на прекрасни пејзажи од повеќе од 13.600 учесници,  топ 15 фотографии оваа година доаѓаат од Србија, Бугарија, Непал, Естонија, Украина, Шпанија, Австрија, Бразил, Германија и Тајланд.  За најдобрите решаваа  меѓународни судии од Гана, Германија, Јужна Африка, Косово, Франција, Индија, Естонија, Индонезија и Бугарија.

Победи  Стопиќ пештерата од Србија на фотографот Чедомир Жарковиќ.  Второ место за Побити камења крај Варна од Бугарија, трето место е Анапурна во Непал, па следат:  реката Ахја во Естонија, Пип Иван во Украина, Фуертевентура на Канарите Шпанија, реката Варна Естонија,  врвовите на Шладминг Австрија, Токвиските водопади Украина, Националниот парк Марахенсен Бразил,  Пив Иван Украина,  пределот Ветенбергер Германија, Као сам Ријо јот Тајланд, Пештерата Ангелика Бразил,  Планината  Тара Србија.

 Оваа година, на конкурсот се прошири и на соработка со Обединетите нации за образование, наука и култура, подобро познат по својот акроним УНЕСКО. Натпреварувачите беа поканети да испратите фотографии во посебна категорија за УНЕСКО Биосфера резерви во 120 различни земји.

Еве ги линковите за победничките фотографии, но и за сите земји учеснички и нивните топ 10 најдобри фотографии. Македонија не е меѓу учесниците.

https://commons.wikimedia.org/wiki/Commons:Wiki_Loves_Earth_2016/Winners

http://wikilovesearth.org/  

https://blog.wikimedia.org/2016/11/25/wiki-loves-earth-2016-winners/

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »