Петар Печков
Објавено: петок, 11 јануари 2013
Основниот суд во Велес пресуди во корист на „Тиквеш“ откако во судската постапка се докажало дека втората винарска визба употребувала знаци во своите етикети слични со знаците на етикетите на кавадаречките вина, кои биле заштитени со што се создавало заблуда кај просечниот потрошувач. Судот пресуди дека „Повардарие“ ја имитирал трговската марка на „Тиквеш“ и го повредил неговото право утврдено со Законот за индустриската сопственост. За оваа повреда „Повардарие“ ќе треба на „Тиквеш“ да му плати 40.000 денари казна за повреда на право на трговска марка и акт на нелојална конкуренција.
Оваа пресуда е потврдена и од Врховниот суд. „Тиквеш“ тужеше за етикета на вината „совињон бланк“, „ризлинг“, „розе“, „мерлот“, „вранец“, „шардоне“ и “траминец“. Kавадаречката компанија ги заштитила овие ознаки кај Државниот завод за индустриска сопственост на 6 декември 2005 година со што ~ биле признати правата на стоковна, индивидуална трговска марка. За разлика од нив „Повардарие“ за трговските марки поднел повторно барање за заштита до Заводот на 8 април 2009 година бидејќи овие регистрирани трговски марки престанале да важат на 10 декември 2004 година и не биле продолжени навреме.
Tweet |