Петар Печков
Објавено: петок, 05 октомври 2018
Изминатиот период повеќе институции во градот и општината добија директори со четиригодишен мандат.
Директор на ЈП Велес гас е Александар Гулевски дипломиран правник, досега работел како адвокат.
За директор на ЈП Паркинзи е именуван Филип Зафиров дипломиран правник, досега работел како адвокат.
За Економското ,,Јовче Тесличков,, за директор е именувана Оливера Коцевска професор по економски предмети и со завршен Економски факултет.
Гимназијата Кочо Рацин директор е Гоце Алексов професор по музика и со завршен Факултет за мујзичлка уметност.
За директор на Националната установа ,,Стоби,, од страна на Министерството за култура поставен е Спасе Перовски со завршен Факултет за ликовна уметност.
Tweet |