Петар Печков
Објавено: недела, 21 февруари 2021
Денес, сабота, Министерството за здравство објави дека во велешко има повеќе оздравени лица - 17 и шестмина ново заразени со ковид-19. Активни се 227 случаи а досега се заразиле 3.355 лица.
Бројот на починати од последици на корона вирусот, во велешко е 110 пациенти.
Во велешка Болница се хоспитализирани 31 пациенти, од нив на Инфективно одделение се 28 и тројца на Интерно. Од лежечките пациенти 24 се потврдени позитивни, четворица пациент се сомнителни и тројца пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се осум пациенти. Испишан е еден пациенти како оздравен со по еден негативен тест.
Tweet |