речник контакт

Повеќе оздравени -36 отколку заразени -26, со ковид-19 во велешко

Во велешка Болница се хоспитализирани 71 лице, а активни има 733 случаи

Петар Печков

Центарот за јавно здравје Велес денес, понеделник  регистрирал  26   ново заразени лица а оздравени  се 36 лица со корона вирусот. Досега вкупно  заразени во велешко има  2.245а лица а  од нив оздравени се  1.442 пациенти.

Активни се 733  случаи на позитивни на ковид-19 од нив  663 се на домашно лекување., 63 се во велешка Болница, шест во приватни клиники во Скопје и  еден во торако- васкуларна клиника.  


Вкупно хоспитализирани пациенти во велешка Болница се  71 лице, од кои 61 потврдени позитивни,  седум    сомнителни и   три со негативни тестови, но со здравствени проблеми.

На кислородна поддршка се 31 пациент. На Инфективно одделение се  54 пациенти, на  Физикално 13 и на  Интерно четири.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »