Петар Печков
Објавено: вторник, 08 декември 2020
Центарот за јавно здравје Велес објави дека денес, вторник 08-ти декември во велешко има повторно повеќе оздравени, отколку ново заразени со ковид-19.
Нови случаи се 31 а оздравени се 41.Досега вкупно се заразени - 2.276 а оздравени 1.483. Активни се 721 случаи од нив 651 на домашно лекување. Денес има регистирано два нови смртни случаи. Бројот на починати по последиците од корона вирусот е 73 пациенти.
Вкупниот број на хоспитализирани пациенти е 75 од нив 65 потврдени позитивни, седум сомнителни и тројца со негативни тестови, но со здравствени проблеми.
На кислородна поддршка се 32 пациенти. На Инфективно се 54 на Физикално оддление се 15 и на Интерно се шест пациенти.
Tweet |