Петар Печков
Објавено: среда, 10 февруари 2021
Во велешко денес, среда, се повеќе оздравени, отколку ново заразени, покажуваат бројките на Министеството за здравство. Денес има 25 оздравени и 20 ново заразени со ковид-91. Со ова бројатаа на активни случаи падна на 216 пациенти а досега се заразиле 3.228 лица. Во велешко има 107 лица починати од последиците на корона вирусот.
Во велешка Болница хоспитализирани се 34 пациенти, од нив 32 се на Инфективно одделение а двајца на Интерно. Од лежечките пациенти 32 се потврдени позитивни и двајца пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 13 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |