Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 ноември 2021
Повеќе оздравени отколку новозаразени е билансот за изминатите 24 часа. Здравствениот билтен на Министерството за здравство забележа 20 оздравени и петмина ново заразени со ковид-19. Или во велешко има 350 активни случаи.
Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 51 пациент. Потврдено позитивни се 32, непотврдени се седум и негативни се 12, но со потреба од продолжено лекување, од кислородна поддршка.
„Извршени cе два трансфери на пациенти во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје. Испишани како оздравени се тројца пациенти со по еден негативен ПЦР тест. На континуирана кислородна поддршка се 15 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение има згрижени 20 пациенти, во Интерното 12 и во Модуларната Болница 19.
Tweet |