речник контакт

Повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19 во велешко, но и денес починат пациент

Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 58 пациенти

Петар Печков

Повеќе оздравени отколку ново заразени е  здравствен билтен за изминатите 24 часа, објавен од Министерството за здравство.  Како нови случаи регистрирани се 18 додека оздравени се 26 пациенти.  Бројот на активни случаи во велешко е 360 лица.

И денес има починат пациент позитивен на ковид-19, лекуван во болнички услови, во Општа Болница Велес. Тоа е жена на 80 годишна возраст, со пневмонија,  која е 236 почината од Велешко, поради последиците на ковид-19.  

Во трите ковид одделенија од велешка Болница има 58 пациенти. Потврдено позитивни се 42 , непотврдени  се пет и  негативни се 13, но со потреба од продолжено лекување, потреба од кислородна поддршка.

„Ново примени се петмина пациенти, сите на  Инфективно  одделение.  Испишани како оздравени се двајца пациенти кои се оздравени си по еден негативен ПЦР тест. На континуирана кислородна поддршка се 27 пациенти, 14 од нив се на Инфективно, девет во Модуларната болница и четворица на Интерно одделение“ - кажа д-р Елена Левкова  Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

Слободни болнички кревети на  Инфективно одделение има 23 од 42, а  21 од 54 во Модуларната Болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »