речник контакт

Повеќе села во велешки и натаму без приградски превоз

Нема интерес за автобуските линии до Чолошево, Црквино, Бузалково, Кумарино, Башино село

Петар Печков

Во понеделникот требаше да се  изврши распределба на  автобуските линии за неколку велешки села. Но  Комисијата за спроведување на постапка за доделување на линии за вршење на линиски превоз на патници, немаше работа.  Таа информира дека на ,,објавата за прибирање на понуди за линиски превоз на патници до пет населени места во Општина Велес не се пријави ниту една компанија, заинтересирана да ја пружи услугата,,.

Објавата за прибирање на понуди за распределба на линии за превоз на патници на територијата на Велес се однесуваше за следните линии.

1. Велес – Чолошево – линија бр. 4
2. Велес – Црквино – линија бр. 5
3. Велес – Бузалково – линија бр. 8
4. Велес – Кумарино – линија бр. 10
5. Велес – Башино Село – линија бр. 11

 За  автобуските  линии од Чолошево, Црквино, Бузалково во повеќе наврати била распишувана објава,  но на ниту една досега никој не се јавувал, така што кон овие села и досега немало  организиран превоз.  

До Башино  село и до   Кумарино, имаше автобуска линија, но превозникот од почетокот на мај се повлече,  поради малиот број патници. На ново распишаната објава, никој заинтересиран не се јавил, така што и жителите од овие села, како и Отовица остануваат без редовна приградска линија. 

Од  локалната власт, Општина Велес  најавуваат дека  ,,поаѓајќи од барањата, потребите и бројот на жители од овие населени места,  и во наредниот период ќе направи се што е во нејзина надлежност да се изнајде решение на ова прашање. Во најкус рок ќе се распише нов оглас за прибирање на понуди на кој се надеваме дека ќе има поголем интерес пријавени превозници,,.

 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »