Петар Печков
Објавено: вторник, 31 октомври 2023
Повеќето жители на Општина Велес не знаат дека локалната власт доделува субвенции, за различни програми. Ова е дел од резултати на анкетата која НВО Инфоцентар ја спроведе во неколку општини во земјава, меѓу нив и Велес.
Од 290 анкетирани граѓани, 56 биле жени а 44 мажи. Најмногу 60 отсто биле на возраст од 35 до 55 години. Од вкупниот број на испитаници само една четвртина или 24 отсто знаеле дека Општината доделува субвенции а 52 отсто не знаат каков ди на субвенции се доделуваат. Висок процент, без малку половината 45% не знаат дели постојните субвенции им одговорат на потребите на граѓаните. Повеќе од половината 53% не знаат на кој начин општината ги доделува субвенциите. Една третина од испитаниците сметаат дека доделувањето на субвенциите е транспарентно 34%. Најголемиот дел од испитаниците, 88 отсто не користеле субвенции последните три години. Исто така висок процент 92% од испитаните со став дека граѓаните треба да бидат консултирани за тоа какви субвенции треба да доделува општината.
Во анкетата на НВО Инфоцентар имало и предлози за идни субвенции . Тоа се за енергетска ефикасност, промена ан азбесни кровови, за огрев. Имало и предлог за поддршка на граѓаните кои ќе вдомат, згрижат бездомно куче.
Анкетата е спроведена во периодот 12-19 септември
Tweet |