Петар Печков
Објавено: среда, 28 септември 2022
Огнометите кои често ги има во градот, повеќето од нив се непријавени. Ова го кажа командирот на ПС Велес, Александар Костов, одговарајќи на советничко прашање од Драган Димески од ПОДЕМ, при разгледувањето на работата на ПС Велес, во првите шест месеци годинава. Дали и колку се почитува законската обврска за огнометите, Костов кажа дека велешани пиротехниката ја користат, но не пријавуваат.
„Законска обврска е огнометите да се пријават. Ги извршува фирма, која е овластена. Најголем дел од тие што се случуваат во градот не се пријавени. Траат кратко 5-6 минути и додека екипата отиде на терен, тој завршил и не може да се најде сторителот. Тоа се родендени, приватни забави. Огнометите од свадбите се пријавуваат. Досега немало проблем при користење на огномет, со пожар или слично. Најголем дел сепак од огнометите се непријавени“ - додаде Костов.
Tweet |