Петар Печков
Објавено: вторник, 06 февруари 2024
Од почетокот на месецов, доколку сака да склопите брак надвор од матично, ќе платите значително повисока цена.
Поскапувањето на услугите за склучување на брак се однесува за на терен, или поточно доколку младенците сакаа да склопат брак во ресторантот каде прават свадба. Ова покачување доаѓа поради зголемувањето на просечната плата во земјава.
Aко според стариот тарифник, склучувањето на брак на терен од понеделник до петок, во работен ден, чинело 3.736, од февруари цената е 4.765 денари.
За време на викенди и државни празници старата цена била 7.472 денари, а новата цена е за над три илјади денари повисока и изнесува 10.484 денари.
Склопувањето на брак во венчалните сали и натаму е бесплатно.
фото интернет
Tweet |