речник контакт

Повлечен обвинителниот предлог за кривична одговорност на екс судијата Лазар Нанев

Писмениот поднесок беше доставен до судот пред почетокот на јавната расправа, на која како сведок беше донесен затвореник од Гевгелија а не дојдоа обвинетиот и неговиот бранител

Петар Печков

Обвинителството од Велес го повлекло обвинителниот предлог за кривично гонење на Лазар Нанев, поранешен претседател и судија во Основен суд Кавадарци. Тој беше обвинет за кривичното дело „злоупотреба на службена должност“.

Пред почетокот на денешната главна расправа во Основен суд Велес, судијата Ангел Трипчев го прочита писмениот поднесок од ОЈО Велес за повлекување и по него, во рок од три дена ќе изготви решение. Беше доведен и сведокот, кој отслужува казна затвор во Гевгелија а не беа присутни обвинетиот Нанев и неговиот бранител адвокат Владимир Туфегџиќ.

Тој на претходната закажана јавна расправа  на 21 јануари ја посоветува обвинителката да го преиспита  обвинението, во интерес  на странките а заради економичност на постапката, бидејќи „има извесен крај според понудените докази“.  Таа јавна расправа тогаш не се одржа поради снежното невреме, сведокот од затворот Гевгелија не беше донесен.  

Претходно на поставеното прашање за истрагата во ОЈО Гевгелија против истото лице поранешниот претседател и судија на Основен суд Кавадарци, Лазар Нанев, одговорот беше дека е отфрлена. 

„Во конкретниот предмет ОЈО Гевгелија по целосно спроведена постапка донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, кое е потврдено и правосилно“ – кажаа од ЈОРМ.

Нанев беше разрешен од функцијата судија на 16 октомври 2024 година, од Судскиот совет, по две поднесени дисциплински постапки.  Кривичната пријава по која се постапуваше во ОЈО Велес е по подонесена кривична пријава од Судски совет за предмет за кој Нанев е разрешен. 

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »