речник контакт

Повлечена е тужбата со која градот Велес ја тужеше државата

Општина Велес ја повлече тужбата со која тужеше државата, Република Македонија бидејќи таа не им обезбедила на граѓаните здрава животна средина.

Петар Печков

Општина Велес ја повлече тужбата со која тужеше државата, Република Македонија бидејќи таа не им обезбедила на граѓаните здрава животна средина.

Според судски извори иако процесот е започнат во 2002-та година, имало две рочишта а бидејќи тужбата била лошо срочена и не била прецизна, општината со писмен поднесок ја повлекла истата.

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски потврди дека ја повлекле тужбата и изјави бидејќи ова било прв таков предмет, македонското судство не се сретнало, немало искуство и не било подготвено да го работи, по што тие морале да се повлечат.

Градот Велес, во името на сите негови жители ја тужеше државата бидејќи со работата на Топилницата, која 30 години загадуваше, бил прекршен членот 43 од Уставот на Македонија, со кој таа е должна на сите граѓани да им обезбеди услови за здрава животна средина а државата со прст не мрднала да го спречи децениското загадување.

За ова дело, со кое неговите жители биле дискриминирани и имало застрашувачки последици врз здравјето, градот бараше надомест од 1,5 милијарди денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »