речник контакт

Повлечени барањата за отворање стечај на АД Ваpдар Градскo и АД Црвени брегови

Платени дел од побарувањата

Петар Печков

Во Основниот суд во Велес на рочиштето за отворање стечај за земјоделскиот гигант АД Вардар Градско била повлечена стечајната пријава а предстечајната постапка прекината. Таа е од страна на велешка фирма поради долг од 54 милион и денари.

Го повлековме барањето за отворање на стечај откако со должникот е постигнат договор за плаќање а платен е и дел од долгот. Истото се случи и со АД Црвени брегови, бидејќи должничко доверителските односи беа со иста фирма – изјави адвокатот Гроздан Сутинов.    

Истата велешка фирма од АД Црвени брегови побаруваше  27 милини денари. Или вкупно двете заедно, кои се во сопственост на македонскиот бизнисмен и еден од најбогатите луѓе во Македонија Минчо  Јорданов  има долг  од 81  милион денар. За нив имаше именувано и предстечаен управник, штипјанецот Димитар Аџиев. А двете фирми имаа повеќе  од три месеци блокирани  сметки.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »