Петар Печков
Објавено: понеделник, 22 јули 2024
Вечерва околу 22,10 ч. се случила сообраќајка во месноста Речани, во близина на Македонија пат. Во неа учествувале автомобил и камион на ЈП Македонија пат. Повредена е С.Ш.(78 год ) од Велес.
„По примена пријава за сообраќајка, екипа на итната служба интервенираше на повредена пациентка, која се жалела на болки во слабински дел на рбет и затворена повреда на глава. Дадена е неопходна терапија и префрлена на ургентен центар во болница на натамошен третман“ - кажа д-р Василка Пановска, началник на службата за итна помош.
Повредената жена од возилото била извлечена од страна на велешките пожарникари.
„Во Ургентна единица во 22.30ч, примена е пациентка, упатена кон радиодијагностични прегледи на глава и рбет,а потоа е направена и Компјутерска томографија. Констатирана е фрактура на прешленско тело Пациентката е задржана на оддел за ортопедија и трауматологија на понатамошен третман и лекување“ - кажа Марина Андова, портпарол на Општа болница Велес.
Tweet |