Петар Печков
Објавено: петок, 29 април 2016
Во петокот околу 10,30 часот телефонски од ЈЗУ Општа Болница Велес-Хирушко Одделение, во Полициската Станица Велес било пријавено дека кај нив е донесена Р.П.(55) од Велес со повреди кои ги здобила во фабриката „Ронтис“.
До повредувањето дошло откако Р.Д.(30) од Велес, вработен како возач во истата фирма, додека управувал виљушкар, при враќање наназад ја прегазил Р.П. кој била вработена како хигиеничарка - информираа од МВР.
Поради сериозноста на повредите жента веднаш била пренесена во МЦ Скопје. Увид на местото на настанот извршиле ЈО, трудов инспектор и увидна екипа од СВР-Велес.
Tweet |