Петар Печков
Објавено: вторник, 14 октомври 2008
По половина век, повторно во Велес заѕвони ѕвоното на зградата на поранешната Гимназија, најстарата образовна институција во земјава. Секој работен ден од сегашното ОУ Благој Кирков звукот на ѕвоното во 6,40 и 12,40 се слуша во стариот дел на градот и како пред стотина години ги повикува учениците на настава.
Откако 50-тина години тоа не работеше, механизмот и ѕвоното летово бил оспособени, и повторно почна да работи, на задоволство на постарите жители кои се потсетуваат на младоста а на учениците на обврската да стигнат навреме на час.

Tweet |