Петар Печков
Објавено: вторник, 29 декември 2020
Во велешка Болница регистрирани се нови два смртни случаи, на лица позитивни на ковид-19 а последиците од заразата биле фатални за нив.
Во текот на вчерашниот ден,попладнето, починати се двајца пациенти, жена на 75 годишна возраст од Велес, лекувана два дена на Инфективно одделение и маж на 77 годишна возраст ,од Градско лекуван два дена исто така на Инфективно одделение - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
После овие два случаи, бројката на починати лица од велешко, поради последиците на корона вирусот е 92 пациенти.
Tweet |