Петар Печков
Објавено: среда, 22 септември 2021
Како и вчера и во донесениот билтен за изминатите 24 часа, во велешко има 20 нови случаи на лица позитивни на ковид-19.
Како оздравени се водат седум лица. Или бројот на активни случаи на лица со корона вирус во велешко, во кое влегуваат и соседните општини Градско и Чашка е 287.
Во велешка Болница хоспитализирани се 53 пациетни, од кои 42 се потврдени позитивни, двајца сомнителни и девет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
„На кислородна поддршка се 25 пациенти. Испишани се девет пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - информира д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница..
На Инфективно одделенеи згрижени се 30 пациенти, на Интерно четворица и во Модуларната болница 19.
Tweet |