речник контакт

Повторно 41 нов позитивен на ковид-19 во велешко

Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 60 пациенти, шест помалку од вчера

Петар Печков

Нови 41  случај на ново заразен жител на велешко со ковид-19, a  35 оздравени, изминатите 24 часа, регистрираше Министерството за здравство. Бројот на активни случаи  335 лица.  Починати нема.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 60 пациенти, шест помалку од вчера. Hа Инфективно  се згрижени 41, на  Интерно  четворица и на Физикално 15. Потврдено позитивни се 46, и по двајца се  непотврдени    и 12 се  негативни но со потреба од болничка нега.

„Испишан се шестмина пациенти со по  еден негативен тест. Еден пациент е примен со брз антиген тест на  Физикално.. На кислородна поддршка се 23 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »