Петар Печков
Објавено: вторник, 28 септември 2021
Помалку од половината од згрижените 70 пациенти во трите ковид одделенија од велешка Болница се од Велес - 32, од Свети Николе се 17, десет од Јаболчишта, по два од Виничани и Градско, и по еден пациент се од Бузалково, Бистрица, Отиштино, Мелница, Ерџелија, Горно Оризари и Црквино.
Од хоспитализираните 70, 51 се потврдени позитивни, осум се сомнителни и 11 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 33 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
На Инфективно одделение се згрижени 40, на Интерно девет и во Модуларна болница 21.
И натаму е висок бројот на ново заразени, изминатите се регистрирани 27 случаи од велешко, а оздравени се 21. Бројот на активни случаи е 324.
Tweet |